„Христијан T. Карпош“ во Драгоманце прослави патронат

Основното училиште „Христијан Тодоровски Карпош“ во селото Драгоманце со богата културна програма вчера го одбележа патрониот празник, 75 годишнината од загинувањето на народниот херој.

 Во своето обраќање пред присутните, директорката Анета Станковиќ Јанковска, потенцираше дека заедно со наставниот кадар во училиштето веруваат во иднината и соништата на нивните ученици.

„ Денеска е посебен ден за сите нас, ден кога го празнуваме патрониот празник на нашето училиште кое се карактеризира со посебен дух и постојано е насочено кон подобрување на квалитетот на целокупното работење“  , рече директорката Јанковска.

-Ги следиме сите препораки од МОН и активно сме вклучени во реализирање на многубројни проекти. Како резултат на ова имаме доста награди , признанија и високи постигања на училиштето, наставниците и учениците во различни области. Посебна чест и задоволство ми причинува да сум дел од оваа свечена манифестација и заедно со вас да ја споделам радоста поврзана со вашето присуство. Задоволство ќе ми биде да им дадеме збор на нашите ученици кои поттикнати од проектот во кој се вклучени за промовирање на детските права „И јас имам глас“  од Фондацијата „Чекор по чекор“  и УСАИД  ја подготвија под менторство на своите наставници оваа културна манифестација, изјави Анета Станковиќ Јанковска , директор на „Христијан Т.Карпош“ , с.Драгоманце

Присутните  преку пригоден говор за ликот и делото на народниот херој се потсетија на неговата улога во НОБ.

Основното училиште „Христијан Тодоровски-Карпош“  е единствено основно училиште во селото Драгоманце, едно од трите основни училишта во Општина Старо Нагоричане.

Коментари

коментар(и)