„Хромак“ со ТВ Плус во голема хуманитарна акција

Хромак“ од Куманово заедно со ТВ Плус во голема хуманитарна акција. Благодарение на оваа реномирана компанија за продажба на бои и лакови, 18 семејства во социјален ризик од градот викендов добија вредни прехранбено-хигиенски пакети. Хуманитарната помош во саботата беше доставена на домашна адреса од вработени во претпријатието „Хромак“, а секако дека камерата на ТВ Плус секогаш е на вистинското место да го овековечи хуманиот гест. Дека станува збор за одлични пакети кои што се донирани во вистински раце, потврдува и главниот и одговорен уредник на ТВ Плус, Драган Ивановски и водител на емисијата Студио + , која што започна да се емитува веднаш по прогласувањето на вонредната состојба во државата, поради  пандемијата на вирусот КОВИД-19.

– Овие пакети  се навистина со голема вредност бидејќи секој поединечно вреди околу  7 до 8 илјади денари , нешто за што мислиме дека ќе биде доволно да едно семејство може барем половина од  месецот  да го помине безгрижно. Се обидуваме преку емисијата Студио + да помогнеме на дел од семејствата  чии членови се јавуваат во емисијата  и ни посочуваат дека навистина имаат големи потешкотии со својата егзистенција и дека немаат основни средства за да преживеат. Затоа се трудиме со нашите партнери фирмите кои  што излегуваат во пресрет  да им помогнеме на овие семејства и на тој начин барем малку да придонесеме оваа вонредна состојба и оваа криза да ја поминат што побезгрижно и што побезболно. Иако знаеме дека навистина е тешко и дека овие пакети не се нешто што може да ја реши нивната егзистенција, сепак се надевам дека даваме мал придонес да тие се чувствуваат подобро и да почувствуваат дека сепак некој мисли на нив. Се надевам дека дел од членовите на тие семејства ќе најдат работно место или пак ќе остварат некое право за да се здобијат  со постојана парична помош од државата како би можеле да немаат ваков тип на егзистенцијални проблеми, изјави Драган Ивановски, главен и одговорен уредник на ТВ Плус

Семејствата во чии раце заврши помошта од компанијата „Хромак“ поддржана од Телевизија Плус се благодарни што во оваа вонредна состојба некој помислил и на нив.

-Голема благодарност до фирмата „Хромак“ и до ТВ Плус за помошта што ја даруваат . Ова е голема помош и голема благодарност до нив што се сетиле да помогнат на луѓето во овие тешки мигови. Досега не сме добиле од никој таква помош. Многу ќе ни значи помошта, непроценлива е помошта, колку и да е, сепак е помош. Сметам дека сите кои можат треба да помогнат на луѓето. Ние сме две семејства тука, не сме вработени,  работиме сезонски, изјави Славица Трендевска

Семејствата кои што викендов беа израдувани до хуманитарни пакети апелираат и до другите приватни стопанственици во Куманово да го следат примерот на ова претпријатие кое што успешно работи повеќе од три децении.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)