Хуманитарен концерт „За Мартина и Александар“

За Мартина и Александар Додевски, е насловен хуманитарниот концерт кој ќе се одржи во петок (1-ви јули) во Центарот за култура Трајко Прокопиев. Истиот го организираат неколку физички лица во соработката со хуманитарното здружение Крепост. Собраните средства ќе бидат донирани на двете деца кои боледуваат од цироза на црниот дроб. На концерот ќе настапат повеќе музички ѕвезди меѓу кои Александар Богдановски, Дарко Тодоровски, Мартинијан Кириловски, Андријана Јаневска, Мартија Станојковиќ и други.

-Се надеваме дека ќе направиме еден  успешен концерт на кој публиката со добра забава ќе ја помине таа вечер, а од друга страна ќе донира средства кои што се навистина потребни. Сумата од 100.000 евра е многу далеку од она што досега е соберено, а кога се работи за здравје времето е нешто што не се запира, секој момент за тие деца е како подарок-изјави Оливера Трајковска организиратор на концерт.

На концертот ќе биде поставена и кутија за донации, за оние граѓани кои можат да одвојат поголема сума на средства. Хуманитарното здружение Крепост, кое што е организатор на концертот досега учествувало воповеќе од 400 акции.

-Даниел Кајмаковски веќе донираше средства, така што со овој концерт, жиро сметката и телефонските броеви на нашите мобилни оператори и ние да се потрудиме како град да го собереме остатокот од средствата-изјави Бојан Георгиевски организација Крепост.

Концертот ќе започне во 19 часот, а влезницата чини 120 денари.

 

 

 

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)