Хуманитарен продажен базар во ООУ „ Браќа Миладиновци“

Во основното училиште „Браќа Миладиновци“ денеска беше организиран продажен базар на рачни изработки подготвени од учениците заедно со нивните соученици и родителите. Базарот се одржа под мотото „ Донесете насмевка, понесете љубов“. Собраните средства од базарот се наменети за потребите на учениците со попреченост. Традиционалната манифестација е во рамките на одбележувањето на Меѓународниот ден на лицата со попреченост – 03 Декември.

Oдбележувањето на овој ден во светски рамки е јавно промовирано за прв пат во 1992 година од Обединетите нации и има за цел да промовира разбирање за прашањата поврзани со попреченост, како и да мобилизира поддршка за достоинственост, правата и благосостојбата на лицата со попреченост.
Денес, Меѓународниот ден на лицата со попреченост се стреми да ја зголеми свеста за придобивките што треба да се извлечат од интеграцијата на лицата со попреченост во секој аспект на живеење: политичкиот, социјалниот, економскиот и културниот живот.

Коментари

коментар(и)