Хуманитарна акција за деца во руралните средини

Под мотото „Помагајќи им на другите си помагаме себеси“ , денеска беше организирана уште една од низата хуманитарни акции на „Крепост “во соработка со општинската организација на Црвениот крст од Куманово. Акцијата за собирање на финансиски донации, прехранбени продукти , средства за лична хигиена и облека за дечиња до 12 годишна возраст траеше три часа.

-Во соработка со хуманитарната организација„ Крепост“ организираме собирна акција за помош за деца од рурални средини.  Одзивот е голем, акцијата трае  до 13 часот, а најмногу досега се собра облека за деца , храна и финансиски средства, изјави  Давид Живковиќ , ОО Црвен крст, Куманово

Граѓаните  уште еднаш покажаа дека се хумани и сакаат да прават добри дела.

– Во соработка на Црвениот крст и ХО „Крепост “ собираме добротворни финансиски средства за руралните средини, како што се Кучкарево, Градиште и Орашац.  Има масовен одзив на граѓаните, мали дечиња доаѓаат и подаруваат своја облека и патичиња на своите врсници од руралните средини . Куманово го буди своето хумано срце, очекуваме да организираме уште многу акции , изјави Христијан Георгиевски, ХО „Крепост“

-Со овие парични средства ќе бидат купени прехранбени производи како и пакети кои ќе им бидат однесени на семејствата на кои што им е најпотребно во руралните средини, изјави Марко Андевски, ХО „Крепост“

„Крепост “ и Црвениот крст од Куманово планираат  да организираат уште заеднички хуманитарни акции.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)