Хуманитарна акција за помош на настраданите во земјотресот во Албанија

Граѓанската иницијатива„ Куманово за Албанија” организира хуманитарна акција за помош на настраданите семејства во земјотресот  во збратимената општина Драч. Пунктот за донирање денеска е поставен на градскиот плоштад во Куманово.

„Акцијата ќе трае неколку дена, а сите граѓани кои што сакаат да помогнат,  можат да донираат вода, храна, облека, финансиски средства, кои што потоа во соработка со Црвен крст ќе бидат испратени во Албанија“, изјави Александар Крстевски од Граѓанска иницијатива „ Куманово за Албанија“

Коментари

коментар(и)