Хуманитарна акција „ Нахрани 10.000“

Општинската организација на Црвениот крст на РМ од Куманово и здружението за промоција и развој на инклузивно општество „ Инклузива “ се приклучија на националната хуманитарна акција за собирање на храна  „ Нахрани 10.000 “. Акцијата која денеска се спроведува во десет градови во државата ја организира мрежата „Сите сити“, која е дел од граѓанската иницијатива „ Мрдни со прст “. Вакви акции ќе се одржуваат секој месец , информира претседателката на „Инклузива“ , Благица Димитровска.

„ Акцијата е со цел преку донации од компании и од граѓани да се собере нерасиплива и конзервирана храна која ќе биде дистрибуирана до нашите социјално загрозени сограѓани. Упатуваме апел  што поголем број компании и граѓаните да донираат денеска. Пунктовите ќе бидат отворени до 19 часот„  – изјави Димитровска.

Целта на акцијата е да се подигне свеста на граѓаните за проблемот со недостаток на храна со кој се соочуваат многу граѓани во нашата земја, како и да се креира можност редовно да се донира храна која ќе заврши во рацете на оние на кои им е најпотребна, велат волонтерите. Собирната акција се спроведува на два пункта во централното градско подрачје.

„ Се надеваме дека оваа акција ќе биде успешна и дека хуманоста во луѓето ќе се разбуди“ – изјави Марта Спасиќ, волонтер во ОО на Црвен крст на РМ , Куманово

Дел од организациите вклучени во овој проект работат со бездомни лица и за нив се прават посебни пакети во согласност со нивните услови за живот. Останатиот дел од организациите се задолжени да ја дистрибуираат храната до социјално загрозените семејства и до старите изнемоштени лица до нивните домови. Акцијата се реализира на 33 пунктови  во државата.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)