Хуманитарна акција на здружението „Англунипе“

Неколку социјално загрозени семејства од ромската заедница во населбата „Перо Чичо“  добија хуманитарна помош од невладината организација „Англунипе“ . Иницијаторот и претседател на здружението,  Мерџан Демирали посочува дека хуманитарната акција ја реализира во соработка со Ромите во дијаспората. Со паричните средства кои што ги добил,  подготвил прехранбени пакети кои завршија во рацете на посиромашните Роми во ова населба. Акцијата продолжува, вели Демирали и во наредниот период, нагласувајќи дека ќе се донира на социјално ранливи категории граѓани без разлика на нивната етничка припадност.

Иако скромна,  сепак хуманитарната помош отиде во вистински раце. Четири повеќедетни семејства, корисници на социјална помош , без основни услови за живот се благодарни на невладината организација која што покрена иницијатива да им се помогне на оние семејства кои што немаат ниту за храна, а не пак за нова облека, обувки, лекарства и покуќнина.

Акцијата продолжува, вели Демирали и во наредниот период, нагласувајќи дека ќе се донира на социјално ранливи категории граѓани без разлика на нивната етничка припадност. Тој се надева дека ќе се зголемува и бројот на оние граѓани кои што живеат во странство кои што сакаат да им помогнат на социјално загрозените семејства во Куманово.

Инаку, последните истражувања направени  по повод Меѓународниот ден на Ромите, 08 април  , покажуваат дека невработеноста, дискриминацијата и непристапноста до здравствените услуги се само дел од проблемите со кои се соочуваат денес Ромите во Република Македонија.  

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)