Хуманитарна акција на ИПА Куманово и Црвен крст

По повод 7-ми мај Денот на македонската полиција и 8-ми мај Светски ден на Црвениот крст, Меѓународната полициска асоцијација ИПА Македонија регион Куманово и општинската организација на Црвениот крст организираа хуманитарна акција за социјално загрозени семејства. Акцијата е дел од меморандумот за соработка кој што го потпишаа овие две организации за заедничка реализацијата на хуманитарни, спортски и едукативни проекти.

-Во тек е хуманитарна акција, собирна од страна на членовите на ИПА Куманово, симпатизери и пријатели која се состои во донирање на облека, прехранбени продукти и за хигиена. Потоа Црвениот крст ќе ги презентира активностите кои што ги спровеле а ќе се изведе и показна вежба укажување на прва помош на повредени лица-истакна Горан Маневски, ИПА Куманово.

Од Црвениот крст информираа дека собраните средства ќе завршат кај социјално загрозено семејство од населбата Доброшане.

-Денеска започнавме една собирна акција на која членовите од Црвен крст и ИПА регионот даваат свој придонес за социјално загрозените семејства. Потоа ќе имаме презентација за активностите на Црвениот крст во Куманвоо и показна вежба како треба да помогнеме на лица кои ќе се најдат во незгодна ситуација и треба да им се пружи прва помош. На 15-ти мај по повод Светскиот ден на Црвен крст ќе се одржи крводарителска акција во основото училиште Крсте Мисирков-посочи Сања Русеска, Црвен крст Куманово.

По повод Светскиот ден на Црвениот крст, на градскиот плоштад ќе бидат поставени штандови, на кои заинтересираните граѓани ќе можат да се запознаат со работата на оваа хуманитарна организација.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)