Цариници заплениле 1000 антиген ковид тестови

Околу 1.000 парчиња антиген ковид тестови вчера заплениле цариниците на Табановце, информираат денеска од Царинската управа.

Според соопштението на Царинската управа: – Вчера во 13:00 часот на ГП Табановце за влез се пријавил автобус со македонски регистарски на превозникот Дурмо турс од Гостивар, управувано граѓанин на Гостивар, кој сообраќа на редовна линија Германија- Струга. При извршена детална контрола, во багажниот простор биле пронајдени непријавени 3 пакети од патник од Гостивар, во кои се наоѓале 1000 парчиња антиген тестови за Ковид 19  Hotgen, со вкупна вредност од околу 50.000,00 денари.

Стокaта е привремено одземенa со Потврдa за привремено одземени предмети, а против пријавеното лице ќе биде поднесено Барање за поведување на прекршочна постапка до Одделението за прекршочна постапка при Царинска управа на Република Северна Македонија.

Коментари

коментар(и)