Царовска: Владата се грижи за старите лица

218 лица од Куманово се корисници на социјална пензија, а на ниво на државата ова право го оствариле вкупно 4.148 лица, посочи министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, која вчера се сретна со корисниците на социјална пензија од кумановскиот регион. Оваа нова мерка беше воведена на почетокот на годината со целосно нов Закон за социјална сигурност на стари лица којшто е дел од пакет закони на социјалната реформа.

Согласно Законот право на надоместок, односно 6.000 денари месечено, имаат лицата кои се на возраст од 65 години и немаат други извори на егзистенција. Тие треба да се наши државјани најмалку 15 години, да не примаат старосна пензија, вклучувајќи ги и лицата без ден работен стаж.

 -За помалку од шест месеци 4140 лица го оствариле ова право и само 218 во Куманово, што е значителна бројка и навистина ми е драго, што како Влада на некој начин инвестираме во оние граѓани кои што со години се бореле на пазарот на труд, дел од нив биле пријавени-непријавени, но едноставно не оствариле пензија и токму затоа денеска ќе можат да го користат ова право, кое што се исплаќа преку Центарот за социјална работа, но сепак е достоинствено стареење на овие наши сограѓани-посочи министерката Царовска.

Министерката ги повика сите возрасни лица коишто ги исполнуваат условите за стекнување со социјална пензија да поднесат барања во најблиските Центри за социјални работи.

Директорката на Центарот за социјални работи на Куманово Александра Арсовска, истакна дека сите корисници на социјалната пензија во зимските месеци добиваат дополнителни 1.000 денари како енергетски додаток.

-Ние како јавна установа Центар за социјална работа кој опфаќа три општини, Куманово, Старо Нагоричане и Липково, надоместокот е 6.000 денари на месечно ниво, плус додатокот за енергенси 1000 денари од октомври до март, значи 7.000 денари е вкупниот износ на додатокот-дополни таа.

Министерството за труд и социјална политика веќе работи на развој на социјални услуги на локално ниво од коишто поголемиот дел ќе бидат наменети за повозрасната популација којашто е во социјалин ризик.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)