Царовска: Изборот на средно стручно училиште им дава можност на учениците полесно да се вработат

Значајно е учениците да изберат средно образование согласно своите знаења, идеи и афинитети, но и да ги разгледаат можностите што ги нуди општеството за вработување и за натамошно студирање. Средното стручно образование им овозможува стекнување вештини кои се потребни на пазарот на труд и со кои се повработливи и дополнително им овозможува полесен старт во високо образование, затоа што стручните испити ги учеле последните две години, рече министерката за образование и наука Мила Царовска во гостувањето во утринската програма на ТВ Сител. Како резултат на социјален дијалог меѓу општините, компаниите и средните училишта, оваа година бројот на дуални паралелки се зголеми од 11 на 97, а учениците ќе можат практичното знаење и вештините да ги стекнуваат во производство.

„Во средното стручно образование во изминатиот период е повеќе вложувано, и погрешна е претставата дека немаат добар потенцијал, добра опрема и добри професори. Промоцијата на средното стручно образование, што изминатиот месец се случуваше, ја покажа и мотивацијата на наставниците за работа. Таму е вложувано инфраструктурно и во машини за базична обука, а сега со поврзувањето со компаниите ќе им се даде дополнителен стимул”, рече Царовска.

Министерката истакна дека најголем интерес има за електротехничката, машинската, угостителската, градежната и земјоделската струка.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)