Секретарот на ГРОМ, Виктор Цветковски ќе поднесе кривична пријава против СДСМ поради објавениот телефонски разговор со министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска. Тој наведе дека со пријавата му е нарушена приватноста и дека истата ќе биде поднесена за неовластено прислушкување и тонско снимање.
-Сакам јасно да ставам до знаење дека апсолутно јас верувам во својата чесност и нема да дозволам на никого да се поигрува со моето достоинство, чест и углед. Од друга страна како адвокат верувам дека Република Македонија е правна држава и верувам во институтициите-наведе тој.
Цветковски признава дека разговарал со министерката Јанкуловска пред вториот круг локални избори во Куманово во 2013-та година, кога тој беше кандидат на независната граѓанска опција „Кога ако не сега“. Но поради тоа што не обезбедиле учество во вториот круг, биле принудени да коалицираат со некоја од партиите.
-Условите што ги поставивме ние во тие преговори и со СДСМ и ВМРО ДПМНЕ беа прифатени од ВМРО ДПМНЕ и со тоа влеговме во можна соработка за вториот круг и евентуална соработка по конституирање на локалната власт-додаде генералниот секретар на ГРОМ.
Тој тврди дека разговорите за коалицирање со СДСМ започнале на барање на градоначалникот Зоран Дамјановски и затоа го повика раководството да не селектира и да ги објави и тие разговори.