Цвет и книга за читателите во градската библиотека

Библиотеката „Тане Георгиевски“, утре и задутре ќе го одбележи Светскиот ден на книгата и авторското право, 23-ти април. Сите читатели кои во овие два дена ќе ја посетат установата, ќе добијат по една книга и цвет. За првпат во 1995 година, УНЕСКО одлучи овој ден да им го посвети на книгата и авторите, поттикнувајќи ги сите, особено младите, да уживаат во пишаниот збор и да покажат почит кон незаменливиот придонес на оние што ги создаваат.

-Се смета дека 23-ти април е земен како повод бидејќи на тој ден во 1616 година починале двајцата великани на светската книжевност-Мигуел де Сервантес и Вилијам Шекспир. За моќта и значењето на книгата, што се таа може да постигне колку голем придонес има во напредувањето во секое животно доба а особено во младоста за овој најмоќен медиум на сите времниња, пишува директорот на УНЕСКО Ирина Бокова и Љубиша Георгиевски-изјави директорот на кумановската библиотека Марјан Петковски.

Инаку во понеделник љубителите на пишаниот збор можат да ја проследат промоцијата на книгата Црно на бело од познатата македонска писателка, поет и прозеист, Лидија Димковска, добитник на повеќе награди во Македонија и светот и преведувана на повеќе од 20 светски јазици. Промотори ќе бидат Гоце Смилевски и Оливера Ќорвезировска а промоцијата ќе се одржи во 19 часот во библитеоката.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)