Засега останува иста цената на патарините во државава, изјави денеска директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми. Тој информираше дека продолжуваат со модернизација на патарините на Коридорот 8.
– Како ЈПДП продолжуваме со модернизација на патарините по Коридорот 8, при што се очекува да почнеме со работа од март следната година и очекуваме до крајот на годината и Коридорот 8 да биде целосно модернизиран, односно да се спроведе електронско плаќање, рече Рустеми.
Со процесот на модернизација сите наплатни станица треба да имаат ист електронски ситем на наплата на патарина, како што е воспоставен и на Коридорот 10.