Центарот за плански развој дел од конзорциум

Центарот за плански развој при Североисточниот регион неодамна потпиша договор за соработка и формирање на конзорциум на развојни агенции во југоисточна Европа. Од Центарот истакнаа дека соработката со неколкуте развојни агенции, ќе им придонесе при аплицирање за европските фондови, стекнување нови знаења и слично. Иницијатор на конзорциумот е развојниот центар Срце на Словенија.

-Во подготовка сме на еден акционен план кај што ќе побараме помош и од европските институции за одржување на овој козорциум за развој, обуки, заеднички настапи на различни саеми. Мислам дека ова е голем успех за нашиот регион. Се работи за долгорочна соработка, нашите шест општини исто така ќе можат да ги користат овие агенции како партнери, при пишување на проекти, изработка следење на сите повици-изјави Младен Протиќ од СИПР.

Конзорциумот го потпишале Агенциите за регионален развој на автономната покраина Војводина, Комови и Проклетије од Беране, Регионалната развојна агенција за Херцеговина од Мостар, Саревската, Албанска развојна агенција за вложување во Крује, Регионална развојна агенција Срце Истре од Дубровник и развојниот центар Срце на Словенија. Инаку Центарот за развој на североисточниот плански регион е единствен претставник од Македонија.

 

 

 

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)