ЦИВИЛ со креативна работилница за мир и ненасилство

Основци и средношколци од градот денеска учествуваа на креативната работилница за мир и ненасилство, која ја организираше Цивил, а се спроведе во гимназијата „Гоце Делчев“.

Работилницата е во рамки на проектот „Заедниците против насилниот екстремизам“ а се спроведува во соработка со Општина Куманово.

Учениците имаа можност да сликаат на теми „Човекови права и слободи“, „Мир и ненасилство“, односно сѐ што симболизира мирно и здружено решавање на конфликти преку дијалог и разбирање.

-Преку овој проект ние се трудиме да понудиме и алтернативи за евентуалните незадоволства, односно можности како тие можат да ги артикулираат своите барања во рамките на Уставот и законските права и слободи кои ги имаат и кои се секако многу широки, тоа би можеле да го понудиме како начин на размислување и начин на живеење во кој мирно и безбедно ќе ги артикулираме нашите барања а се разбира на тој начин ќе го превенираме ќе го спречиме насилното изразување на револтот и со тоа и се разбира ќе го спречиме насилниот екстремизам и радикализацијата-истакна Џабир Дерала од ЦИВИЛ.

ЦИВИЛ го спроведува проектот „Заедниците против насилниот екстремизам“ со поддршка од Амбасадата на САД во Скопје.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)