ЦК Куманово со хуманитарна помош за Силвана и нејзината двегодишна ќерка Леонтина

Завчера волонтерите од општинската организација на Црвен крст Куманово ја посетија 41 годишната самохрана мајка Силвана Јовановска и нејзината двегодишна ќерка Леонтина во населбата Бабин Дол. Она што можеше да се забележи е дека семејството живее во тешки и субстандардни услови. Волонтерите при посетата доставија хуманитарна помош во храна, облека, хигиенски средства како и играчки за малата Леонтина. Црвен крст Куманово ќе продолжи и во наредниот период во рамките на своите можности да пружа помош за Силвана и малата Леонтина.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)