Црвениот крст донираше во „Тоде Мендол“

Сто најзагрозени семејства од населбата Тоде Мендол ќе добијат хуманитарна помош од Црвениот крст. Пакети со најосновните средства за егзистенција денеска беа доставени во просториите на месната заедница, кои во текот на денот ќе бидат распределени на граѓаните. Првите луѓе на Црвениот крст на РМ и општинската организација денеска беа во обиколка на населбата.

– Сега за сега имаме доволно наши резерви кои служат за вакви ситуации така што доколку ни биде потребна помош секако дека ќе соработуваме со населението и со сите тие што се заинтересирани. Веќе првично се појавуваат и се нуди помош од разни компании така што сето тоа ќе биде артикулирано на вистински начин и ќе биде претворено во хуманитарна помош односно во помош која ќе најде свое место и ќе најде своја потреба изјави Саит Саити, генерален секретар на Црвен крст на РМ

-Луѓето  уште не се свесни што се случило, имаат потреба прво за сместување, но нема каде да се сместат. Тука ја гледаме куќата каде што сме сега, оштетена е 100 проценти, значи тие немаат каде да се сместат, прво бараат сместување, потоа и прехранбени пакети, ние ќе донираме колку сме во можност, хигиенски пакети, постелнина, црвениот крст колку е во можност ќе помогне барем за најзагрозените семејства, изјави Нухи Јусуфи, претседател на ОО Црвен крст Куманово

Секој жител на „Тоде Мендол“ што ќе земе хуманитарна помош ќе се потпише за да нема манипулации, велат од месната заедница.

-На овие луѓе тука се им е потребно бидејќи се им е уништено, нема ништо во населбата, целата инфраструктура е уништена, објектите за живеење се уништени, владината помош е неминовна. Се јавуваат и луѓе индивидуалци да достават помош, се јавуваат и различни организации хуманитарни така што очекуваме, до сега и луѓето не смееја да се вратат во домовите, изјави Шабан Демири, претседател на М.З. Тоде Мендол

-Имаме стотина пакети со храна, стотина пакети со хигиенски средства, имаме двеста чифта ќебиња или 400 ќебиња, 40 комплети за чистење на куќите со хигиенски средства, пелени за деца, чизми и брашно. Во пакетите со храна има сува храна која може веднаш да се конзумира, не треба да се приготвува, изјави Иле Митковски, секретар на ОО Црвен крст Куманово

Надлежните посочуваат дека ова е првична хуманитарна помош за населението во Тоде Мендол, а по потреба и во рамки на можностите на Црвениот крст ќе донираат и наредните денови. Досега пакети со храна и хигиенски средства доставувале и на повеќе семејства кои деновиве престојуваат кај роднини и пријатели.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)