Центарот за ран детски развој, во основното училиште „11 октомври“. Донацијата е од Помош во храна и хигиенски средства ќе добие едно семејство кое што има две деца згрижени во општинската организација на Црвениот крст,а целта е да им се помогне на корисниците кои најчесто потекнуваат од социјално загрозени семејства.
-Згрижувањето е бесплатно, а сите материјали за работа се обезбедени со помош на УНИЦЕФ и општината. Овде нема спиење и храна, туку само едукација, изјави Верица Тодоровска, едукатор во Центар за ран детски развој.
34 деца од македонска, ромска и албанска националност го посетуваат центарот за ран детски развој, секој работен ден по два часа. Дневниот центар официјално работи од декември минатата година, а првите активности започнале уште во мај 2014-та но во поинакви услови и простории