Црвениот крст освои второ место на државен натпревар

Општинската организација на Црвениот крст со својата екипа по прва помош учествуваше на 27-от по ред државен натпревар кој се одржа минатата недела во Кичево. Во исклучително силна конкуренција на 28 екипи од исто толку општински организации од Македонија, екипата од Куманово го освои високото 2 место.

-Нашата екипа се состоеше од шест члена јас бев тим лидерот и навистина беше тешко. Минатата година имаме освоено шесто место од првите пет мислам дека беа екипите на Скопје.  Нашите должности беа да настапиме на пункт каде што имаше од три до пет повредени јас како тим лидер требаше да направам тријажа каде ќе ги поделем волонтерите и тие ќе направат преврска на повредените и судиите го оценуваа тоа-истакна Сара Митковска, волонтер Црвен крст Куманово.

Овој резултат е најголемиот успех на општинската организација на Црвен крст Куманово на едно вакво големо натпреварување.  На натпреварот првото место го освои екипата на Црвен крст Центар, а третото општинската организација од Чаир.

-Вложивме голем труд  и со голема желба го направивме тоа заедно не обучуваше и Филип Кузмановски кој исто така вложи многу труд во нас и на крајот на денот бевме многу задоволни од резултатот-додаде Митковска.

Од Црвен крст Куманово за наредниот период најавуваат повеќе показни вежби.

Коментари

коментар(и)