Црвениот крст ќе организира хуманитарен концерт

Во организација ПХВ- тимот кој што работи во склоп на општинската организација на црвениот крст  куманово на 24 март ќе се одржи хуманитарен концерт во центарот за култура „Трајко Прокопиев“. Средствата што ќе бидат соберени на овој хуманитарен настан ќе бидат наменети за шестчленото семејство Маринковски кое што живее  во тешка сиромаштија.  Четириесетина волонтери во црвениот крст работат на проектот „Промоција на хумани вредности“.

-Во склоп на ПХВ  проектот имаме две цели, првата е привлекување на волонтери во нашата општинска организација, а втората цел е изработка на мали проекти за доброто на заедницата. Со помош на наши истражувања наидовме на семејството Маринковски кое живее во навистина тешки услови и одлучивме да им помогнеме. Семејството е шестчлено од кои три деца се со интелектуална попреченост. Не примаат никаква социјална помош , таткото е вработен во чистота и зеленило но има многу ниска плата и немаат ниту бања каде да се искапат, и навистина живеат во многу тешки услови, изјави Марија Михајловска, волонтер во ОО Црвен крст-Куманово

Граѓаните кои што сакаат да бидат дел од овој концерт и да помогнат на семејството Маринковски, можат да купат билет по симболична цена од само 50 денари. Влезниците веќе се во продажба , а може да се купат на билетарата на влезот на центарот за култура и во просториите на црвениот крст Куманово.

-На концертот ќе учествуваат Ивона Јовановиќ, Мартинијан Кириловски, Бојана Апостоловска, Мери Витановска, Анастасија Богоева, Боби Додевски од Нема Љутиш, ДМА Срма, „Мак “ денс студиото и две претстави, изјави Марија Михајловска, волонтер во ОО Црвен крст-Куманово

По концертот, ПХВ тимот ќе органзира и хуманитарен турнир за шестчленото семејство Лазаровски од Градиште.

Инаку, на денешен ден е основан Црвениот крст на РМ, а освен тоа 17 –ти март е и Ден на крводарителите.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)