Клубот на млади при Општинската организација на Црвен крст Куманово организираше пробни врснички едукации за волонтерите кои што поминаа обука за општи врснички едукатори.
Девет волонтери одржаа врснички едукации на останати волонтери и членови од Клубот на млади Куманово.
Волонтерите имаа за задача да одржат една врсничка едукација на темите кои што Црвен крст ги работи и една врсничка едукација на општа тема по нивен избор. Се работеше на теми ХИВ/СИДА, Трговија со луѓе, Борба против зависности, Дискриминација, Развиток на технологијата, Социјални медиуми и Ширење на дезинформации.
Сите волонтери кои што беа дел од обуката за општи врснички едукатори се стекнаа со сертификат за врснички едукатори, информираат од организацијата.