Црвен крст помогна на семејство во Градиште

За шестчленото семејство Лазаровски од селото Градиште кое што живее во супстандарни услови пристигна првата помош од општинската организација на Црвен крст на Р.Македонија.  Освен храна, на семејството му се донирани и душеци и ќебиња.

-Дониравме хуманитарна помош која се состоеше од : брашно , прехрамбено-хигиенски пакети, кебиња, облека и обувки.  Воедно Црвен крст Куманово  оваа семејство ќе го вклучи во новиот ЦК-ПХВ циклус каде е планирано да организираме хуманитарен – спортски настан а средствата ќе бидат наменети за подобрување на условите за живот за оваа семејство, изјави Марија Михајловска, волонтер во ОО Црвен крст на РМ

Општинската организација на црвениот крст апелира до сите хумани граѓани доколку имаат покуќнина која што не им е веќе потребна а е во функција да се обратат кај нив и заеднички да им помогнат на Лазаровски. Црвен крст Куманово  ќе продолжи да контактира со семејството преку цела година и во рамките на своите можности ќе му пружа најнеопходна хуманитарна помош, велат од општинската организација.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)