Црвен крст со ревијална трка

Стотина основци и средношколци, волонтери во општинската организација на Црвениот крст и лица со посебни потреби , организирани во три возрасни групи денеска беа дел ревијална трка на атлетската патека во рамките на средното техничко училиште „Наце Буѓони“. Организатор на забавно-хуманитарната активност  насловена „ Run for fun“  е Црвениот крст од Куманово поддржан од  основните и средните училишта во градот и од дневниот центар за лица со интелектуална попреченост „Порака наша“ .

-Денеска се организира настан под името „Ran for fun “ каде што  учествуваат деца од сите основни и средни училишта, но и деца со посебни потреби од „Порака наша“  со цел да ги поддржиме, така што сите носат бели маички и на секој старт се прскаат со различни бои. Сето ова е од забавен карактер.

Прекрасно е да се работи со лицата со посебни потреби, едноставно тие шират љубов, позитивна енергија, изработуваме заедно честитки, ги продаваме заедно, се шетаме, се гушкаме и тоа е прекрасно чувство, изјави Сара Милковска, Црвен крст, Куманово

И Црвениот крст и училиштата често организираат  хуманитарни акции и активности со цел да се соберат средства и да им се помогне на ранливите категории граѓани и семејства во Куманово.

-Ние како училиште „Наце Буѓони“  од Куманово секогаш имаме цел да помогнеме на ранливите категории и на лицата со попреченост колку сме во можност и имаме направено многу проекти изминативе години со цел помагање на таквите категории граѓани. Денешниов настан и од хуманитарен и забавен карактер. Учествуваат ученици од сите основни и средни учулишта од сите возрасти, се организира трка , а поставена е и кутија во која се собираат парични средства , може да донира секој што сака во зависност од можностите, изјави Михаил Димитриевски, ученик во ССОУ „Наце Буѓони“

За сите учесници на трката со ревијален карактер следуваа благодарници за учество од организаторот, Црвен крст од Куманово .

Share and Enjoy !

0Shares
0 0 0

Коментари

коментар(и)