Тече реставрацијата и реконструкцијата на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во манастирскиот комплекс во село Матејче. Од министерството за култура информираат дека за проектот за конзервација и реставрација, препокривање на црквата годинава за првата фаза, се одвоени над еден милион и петстотини илјади денари.
Потсетуваат дека министерството во 2020 и 2021 година одвои средства за изведба на превентивни мерки на заштита на кровните партии на црквата, за да се спречат сите деградирачки процеси на објектот. Беше променет и покривот на камбанаријата. За жал, на крајот на 2021 година беа отстранети и дислоцирани големи површини од оловниот покрив на црквата, од непознати сторители.
За наредната, 2024 година планирана е финална изведба на покривната конструкција на објектот.
Црква „Успение на Пресвета Богородица“ – Матејче е „еден од најблагородните византиски споменици на балканските простори“ изградена од царот Душан, подигајќи ја врз темели на постара црква во 14 век.