ЦУК ќе бара од ЕВН Македонија да си ја провери електричната мрежа

– Во тек е изработка на барање до ЕВН со кое тие треба да ги проверат нивните жици, бидејќи во неколку случаи е утврдено дека пожарот е настанат со искрење помеѓу жици на бандери и далекуводи. Искрите паѓаат на земја, доволно е само една искра да предизвика пожар, онаму каде има такви лабави жици ние апелираме и до граѓаните. Имаме очевидец кој кога паднале искрите веднаш се стрчал кон местото, но бил немоќен. Во овој момент го изработуваме оваа барање до ЕВН, секаде каде ќе добијат ваква пријава да преземат што е потребно, изјави Стојанче Ангелов, директор на ЦУК.

Коментари

коментар(и)