Чавков и Савовски во посета на Куманово

Министерот за внатрешни работи Митко Чавков и директорот на Бирото за јавна безбедност  Горанчо Савовски денеска се сретнаа со претставници од месната заедница „Тоде Мендол“ во Куманово, како и со претставници на невладините организации. Целта на посетата е да се направи согледување за моменталната состојба на подрачјето на оваа месна заедница и заеднички да се утврдат приоритетите за дејствување и зајакнување на комуникацијата помеѓу полицијата и граѓаните. На работната средба се разговараше  за теми кои се од заеднички интерес односно за безбедноста на заедницата, но и за  фундаменталните  права и слободи на граѓанинот.  Беа отворени теми и за јавниот ред и мир,  за сообраќајот, за криминалитетот во Куманово.

Изјава 1 – Отворивме тема за разговори за нешто што е посуптилно односно тоа што еве и на светско ниво е неконвенционално, неконвенционални форми на криминалитет, зборуваме за многуте променливи форми на радикализација на насилство, на тероризам, бидејќи ние како РМ и на локално, но и на национално ниво не сме имуни на овие состојби, изјави министерот за внатрешни работи Митко Чавков.

Куманово како  мултиетнички град после полициската акција за разбирање на терористичката група уште еднаш го положи испитот на соживотот и добрите меѓусоседски односи во градот, велат од месната заедница тоде мендол. Надлежните побараа со обештетувањето од Владата да бидат опфатени уште десетина семејства чии куќи настрадале во акцијата.

 Началникот на СВР Куманово ги информираше надлежните дека годинава е забележано намалување на криминалот за 23 проценти споредбено со истиот период лани, како и околу  20 процентно намалување на нарушувањето на јавниот ред и мир во градот.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)