Часови по македонски и математика за децата Роми

Околу 80 ученици Роми од четврто, петто и шесто одделние, следат дополнителна настава по македонски јазик и математика. Ова е дел од проектот во кој е вклучен Центарот за ромска заедница, ДРОМ, а кој има за цел да им помогне на учениците при совладување на наставните содржини. Во програмата се опфатени ученици од основните училишта 11-ти октомври, Браќа Миладиновци, Христијан Карпош и Крсте Мисирков, а идната година е планирано  програмата да се прошири и во Вук Караѓиќ и Толи Зордумис.

-Програмата ги опфаќа само предметите математика и македонски јазик но ќе се насочиме и на другите предмети во кои имаат потешкотии децата. Тоа се дополнителни часови каде што сакаме да им помогнеме и воедно да водиме евиденција за нивната редовност и што повеќе ромски деца да останат во образование-истакна Ахмет Јашаревски од ДРОМ.

Во основното училиште во програмата за туторска настава се опфатени 17 ученици. Наставничката Верица Тодоровска вели дека е задоволна бидејќи учениците се заинтересирани да го надополнат своето знаење.

-Работата е убава децата можат да напредуваат да им се помогне, проблемот е во тоа што во туторска настава се голем број на деца во една група, и недозволува да се посветите доволно на сите деца, јас можам на сите но тоа не е доволно, ова се деца на кои им треба поголемо внимание, помош при наставата.  По два пати неделно следат и досега се спроведени дијагностички тестови во кои е утврдена фактичката состојба претходното знаење на учениците и ние се трудиме да ги надополниме пропуштените знаења а потоа да одиме паралелно со програмата-нагласи Верица Тодоровска, одделенски наставник.

Учениците истакнаа дека за време на часовите освен што можат да го збогатат своето знаење, можат и да другаруваат.

-Задоволна сум имаме со учителката по еден час математика, она што е пропуштено и македонски јазик понекогаш и по општество, многу ми помага ми при учењето-велат учениците.

Програмата за туторство која се спроведува во 16 градови низ државата, е финансирана од ромскиот едукативен фонд од Будимпешта и Министерството за образование.

 

 

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)