Чевларите го слават „ Свети Спиридон“

Чевларите денеска го слават Свети Спиридон, светецот кој тие го сметаат за свој заштитник . Сопствениците на чевларските претпријатија утрово пресекоа колач во црквите во Куманово. Во црквата „Свети Ѓорѓи“  беше извршено и примопредавање на кумството. Традицијата на примопредавање на кумството потекнува од 1936 година од  одржувањето на Државен чевларски  курс во Соколана, а во градот се празнува од 1990 –та година велат чевларите.  Фотографијата која сведочи  за тој настан чевларите ја примопредаваат секоја година на новиот кум.

 

Иако  Куманово се смета за предводник на чевларската индустрија во Македонија  се уште нема здружение. Чевларите ќе настојуват во наредниот период да формираат здружение за да можат заеднички да излезат на пазарот.

 

Според информациите на чевларите, но и според податоците на Секторот за локален економски развој од општина Куманово во градот функционираат 60-тина претпријатија кои произведуваат готов производ или полуготов производ. Дел од нив извезуваат полуготови производи во Италија и Германија, мал процент извезуваат готов производ во Германија,Бугарија и Италија. Најголем процент ги пласираат производите на домашниот пазар. Се претпоставува дека во чевларската индустрија се вработени повеќе од 1.000 кумановци.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)