Честитка од претседателот на Советот, Александар Арсиќ по повод Илинден (видео)

Претседателот на Советот на Општина Куманово, Александар Арсиќ денеска упати празнична честитка по повод Денот на републиката, 2 август.

Овој 2 Август се навршуваат 114 години од Илинденското востание и 73 години од првото заседание на АСНОМ. На 2 Август почнувајќи со Крушевскиот манифест се разбранија вековно втлеените стремежи на македонскиот народ за извојување на слобода, самобитна и самостојна македонска држава. Преку првото заседание на АСНОМ кое беше резултат на долгогодишна борба на македонскиот народ за национална слобода и создавање на своја држава, започна реализацијата на државотворната идеја носена со векови. Пред нас е нова и постојана борба, борба за напредна, современа и достоинствена македонска држава, рамо до рамо со сите европски држави. Со оваа битка ќе биде потврдена вековната определба за еднаквост и рамноправност на сите народи кои живеат на овие простори, на заедничка борба за создавање на самостојна и суверена држава, но и битка за членство во Европската унија и НАТО алијансата. Обединети и со надеж дека повторно ќе успееме да се насочиме кон надминувањето на предизвиците пред кои е исправена современа Македонија, враќање на основните демократски придобивки и праведно општество на слободни, економски стабилни и среќни граѓани кои можат и знаат да споделуваат заеднички вредноси за подобра и просперитетна иднина. Дозволете ми да ви го честитам големиот македонски празник. Нека ни е честит најголемиот државн празник 2 Август, Илинден, Денот на републиката – вели Арсиќ.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)