Четворица новозаболени кумановци, едно починато лице од ковид -19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа направени се 1.658 тестирања, а регистрирани се 30 нови случаи на КОВИД-19. Од новозаболените, четири лица се од Куманово.

Регистрирани се 359 оздравени пациенти, од нив 31 кумановец.

Според надлежните, пријавени се вкупно 16 починати лица, меѓу нив и 80 -годишен кумановец.

Инаку, вкупната бројка на заболени од корона вирусот во Куманово изнесува 8.763, во моментов активни се 519 случаи на ковид -19.

 

Коментари

коментар(и)