Четворица спасители се грижат за капачите на затворениот базен

Безбедноста на капачите на градскиот базен во Куманово е на високо ниво бидејќи нив ги надгледуваат четворица обучени спасители. Спасувачот, Фросина Аневска, гостувајќи во емисијата Став на телевизија Плус, укажа дека бројот на спасители е доволен, за да се покрие бројот на капачи. Посочи дека изминативе години како тим функционираат одлично, а во работата им помагаа и едно медицинско лице.

-Мислам дека одлично ни оди. Интервенции во внатршениот базен немаме толку запазено, но во надворешниот имаме повеќе активни давеници, пасивни не сме имале. Нашиот број на спасители е доволен за покривање на бројот на капачи, покриени се базените и за надвор и за внатре. Имаме и волонтери од Црвен крст ни доаѓаат за летната сезона-нагласи таа.

Што се однесува до интервенции Аневска посочи дека досега имале само една посериозна, која за среќа завршила во најдобар ред.

-Немало поголема интервенција, оваа сезона на летниот базен имавме мал колапс на дете во несвесна состојба, интервенцијата ја направивме ние, повикавме брза помош и детето беше во добра здравствена состојба. Имаме медицински материјали се што ни е потребно за преврски, за прва помош, исто така имаме и гуми за спасување во внатрешниот базен-дополни таа.

Аневска инаку е лиценциран спасител со сертификат за отворени води.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)