Четврти меморијален турнир „Теодора Цветковска“

Во спортската сала на средното училиште „Перо Наков“, вчера се одржа меморијален турнир во чест на Теодора Цветковска, одбојкарката на одбојкарскиот клуб Куманово, каде што таа играше во младинските категории. Турнирот од година во година станува се помасовен и прераснува во традиција преку која што клубот го одржува сеќавањето на одбојкарката. Настанот беше подржан од  подобрите клубови кои што играат во женската одбојкарска лига и квалитетот на играта беше на високо ниво. Од одбојкарскиот клуб Куманово посочија дека на турнирот не е важна победата, така што немаше прогласување на најдобра екипа или најдобар играч, а целата манифестација беше во духот на спортската етика и промовирање на вредностите.

-Ова е четврти традиционален меморијален турнир во чест на нашата почината членка Теодора Цветковска. Имаме супер одзив и од страната на нашите пријатели од Штип кои дојдоа со својата екипа, екипата од Скопје „Јанта Волеј“ кои во Македонија се две најеминентни и најсилни екипи, вели Денис Вујадиновиќ, тренер на ОК Куманово.

На турнирот беа присутни родителите на Теодора Цветковска, за кои што одржување на ваков турнир е од големо значење. Покрај нив претставници од институциите во градот, но и видни одбојкарски имиња од државата со своето присустуво дадоа подршка на одржување на турнир од ваков тип. На трибините имаше и љубители на одбојката кои го проследија турнирот и уживаа во квалитетната игра која што беше прикажана.

-Сè протекува во најдобар ред, супер е организацијата имаме публика, не посетија и луѓето од Одбојкарска Федерација на Македонија, од локална самоуправа, од сојуз на спортови на градот Куманово,од матичното училиште „Толи Зордумис“ кај што учеше Теодора така што јас сум презадоволен,се тече по план и програма како што планиравме, вели Денис Вујадиновиќ, тренер на ОК Куманово.

Со завршувањето на сезоната тренерот Вујадиновиќ посочи дека клубот покрај организирање на турнирот во овој период работи на собирање на средства за пријавување на екипата во повисок ранг. Тој истакна дека со квалитетот на екипата која што моментално ја има клубот може да се носи со најдобрите од државата, но и покрај тоа продолжуваат финансиските турбуленции кои се голема пречка за нормално функционирање.

-Имаме некои разговори преговори со градскиот сојуз на спортови.Ние сме во план во блиска или малку поблиска да пријавиме екипа во прва лига затоа се и овие напори најчовечки напори организација на турнири доведување на квалитетни екипи да можеме да спарингуваме да играме.Сега за сега сме на статус кво од друга страна клубот учествува во многу други активности посебно активстите од клубот. Еве јас  учествувам во Одбојкарска Федерација на Република Македонија имаме некои други активности околу клубот, така да она најбитното што ни треба финансии пак сме далеку од она што ни треба, вели Денис Вујадиновиќ, тренер на ОК Куманово

Со меморијалниот турнир „Теодора Цветковска“ се заокружува целата одбојкарска сезона и одбојкарките ќе ги искористат летните одмори. Од наредната сезона од клубот очекуваат пребродување на проблемите и екипата која што ќе ги почне летните подготовки да ги покаже резултатите кои што се очекуваат.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)