Четири награди на „Образовно рандеву“ за „Перо Наков“

Ученици од економското училиште „Перо Наков“ покажаа значителни резултати на 10-то „Oбразовно рандеву“, кое што го организира Младинската асоцијација на средни стручни училишта во Македонија. Тие од Велес се вратија со четири освоени награди. Имено, учениците освоија прво место за најдобро интервју за работа, како и второ место за најдобра модна ревија.

-Интервјуто се одвиваше во најдобар можен ред, имаше некои прашања за кои требаше малку и да се размисли-изјавија анкетираните.

Тие освоија и второ место за најдобар штанд, а трето место за најдобар маркетинг план.

-Оваа година на МАССУМ ние учествувавме со претставување на штанд, се подготвуваме направивме макета на нешто училиште со цел да го претставиме, бидејќи сите не се запознаени, како и промотивен материја, флаери, летоци и слично-додадоа тие.

Професорката Гордана Стојановска истакна дека е презадоволна од резултатите кои што ги постигнале учениците.

-Конкуренцијата е силна и нормално учествуваа од цела Македонија, не можеме а да не бидеме задоволни од успехот на нашите ученици-истакна таа.

Таа се надева дека и во иднина ученците од „Перо Наков“ ќе продолжат да редат успеси.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)