Четири нови случаи на коронавирусот во Куманово

Четири новозаболени лица од коронавирусот во Куманово, од вкупно 38 нови случаи на ковид-19 во изминатото деноноќие регистрира министерството за здрваство.  Од новозаболените дури 24 се од Скопје. Во последните 24 часа направени се 560 тестирања, а денеска Институтот за јавно здравје регистрира 16 оздравени пациенти, меѓу нив и еден кумановец.

Министерството за здравство информира и за двајца починати пациенти од Тетово. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починал 74 годишен пациент, лекуван на клиниката од 21 мај. Во ГОБ „8 септември“ починал пациент на возраст од 57 години, хоспитализиран на 23 мај. Во Институтот, од болницата Ремедика, за анализа е пристигнат постмортем брис на пациент од Скопје (53г) и истиот е позитивен на ковид-19.

Досега во земјата се направени вкупно 27.023 тестирања на ковид -19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 168 теста се во рамките на скринингот во градинки и геронтолошки установи. Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје Куманово и Скопје и не се регистрирани позитивни случаи на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2.077, бројката на оздравени пациенти е 1.486, на починати е 122, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 469.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0 0

Коментари

коментар(и)