Четири прекршувања на полицискиот час, 66 казни за маски во Куманово

Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (06.04/07.04.2021), по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Куманово 101 лица не ја почитувалe, информираат од кумановската полиција.

Од вкупниот број издадени прекршочни налози, најмногу се во Куманово 66, во Крива Паланка 23 и во Кратово 12.

За истите, како што појаснуваат од полицијата, ќе следуваат соодветни мерки.

Во истиот период 4 (четири) лица не ја почитувале забраната за движење.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)