„Чистота и зеленило“ доби товарно возило од УНДП

Комуналното јавно претпријатие Чистота и Зеленило денеска доби товарно возило, кое е донација од УНДП, односно постојаниот претставник Луиза Винтон. Комбинираното возило марка „Фиат дукато“ е намено за транспорт на алат и луѓе, а чини 20.000 долари. Винтон истакна дека донацијата која се случува кога Обедитите нации го одбележуваат Денот на дарување, е со цел општината полесно да се справи со проблемот поврзан со отпадот.

-Знаеме дека Куманово како и Гевгелија навистина понесоа голем товар претходните месеци и би сакала да искористам оваа можност да им се заблагодарам на градоначалникот и на неговиот тим но и на сите граѓани на Куманово на нивната великодушност кон ова прашање. За мене беше навистина голема чест што на 11-ти ноември бев прогласена како почесен граѓанин на Куманово и ова е дел од моите обврски како граѓанин кога ги плаќам моите даноци и ги возвраќам моите обврски во Куманово што го нарекувам мојот втор дом-наведе таа.

Градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски изјави дека зајакнувањето на возниот парк ќе им помогне на јавните претпријатија во градот кои го сервисираат бегалскиот камп во Табановце.

-Очекуваме уште донации пред се од јапанската влада, европската комисија имаме најава по распределба на фондот на парите да добиеме конкретни машини и камиони, садови за смет, прочистување на отпадните води, носење на отпадна вода во шахтите и она што е потребно за тековно одржување на повисоки стандарди здравствени пред се на овој бегалски камп…поздрав за напорите на амбасадорката што го прави за нашиот град-нагласи Дамјановски.

Возилото беше доделено на Општина Куманово, која без надокнада ќе му го додели на јавното претпријатие Чистота и Зеленило.

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)