„Чистота и зеленило“ набави нови две возила за смет

Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ со сопствени средства успеа да набави две нови возила за собирање смет. Станува збор за средни возила, кои ќе се користат при подигнувањето на смет од потесните улици, што досега претставуваше проблем за јавното претпријатие.

-Со овие две возила се надевам дека ќе ги задоволиме потребите на самите граѓани и би сакал да ја искористам оваа ситуација да упатам еден апел до граѓаните да не ги паркираат непрописно своите возила бидејќи тоа претставува најголем проблем во работењето на јавното претпријатие за да можат вработени непречено да си ги вршат своите работни обврски-посочи директорот на ЈП Чистота и зеленило, Даниел Стојчевски.

На денешната презентација на возилата присуствуваше и градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, кој истакна дека и покрај финансиските проблеми претпријатието успеало да обезбеди две модерни возила за изнесување на комунален смет.

-Овој тренд во јавното претпријатие ќе продолжи го охрабрувам менаџерскиот тим да продолжи одговорно и домаќински да се однесува во делот на работењето, да ја врши својата намена да дава услуга на граѓаните а секако општината во рамки на своите можности ќе помогне за да застане на свои нозе обезбедени се две мали возила, средни за изнесување на смет, кои ќе се користат особено во деловите на градот каде што се потесни улиците и пристапот е ограничен. Општина Куманово е влезена во програмата за Европската унија за трајно решавање на проблемот со комуналниот отпад и затворање на нашата депонија на локација Краста, каде што во рамките на заедничкиот проект со уште 15 општини во државата се планира изградба на фабрика за преработка на отпад, во реонот на општина Свети Николе и во рамки на истиот проект очекуваме во тековната година да добиеме поголем број на возила за изнесување на смет и контејнери кои ќе се користат во нашата општина како директен грант од ЕУ-нагласи Димитриевски.

Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ располага со 15 возила за собирање смет.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)