„ Чистота“ не е надлежно за одржување дворни места

Станбените задруги имаат обврска да ангажираат лица или организации кои што ќе го одржуваат дворното место околу зградите, истакнаа денеска  вработени во јавното претпријатие чистота и зеленило реагирајќи на пресконференцијата што ја одржа општинскиот комитет на вмро дпмне минатиот петок во малиот парк кај средното училиште перо наков. Според радомир јовановски раководител во комуналното претпријатие, чистота и зеленило работи според програма за одржување на јавно прометни и зелено-цветни површини за 2016 година усвоена од Советот на Општина Куманово.

-Овој комплекс не е влезен во програмата затоа што не е јавна површина. По законот за домување донесен од Собранието на Република Македонија со зградите и дворното место околу зградите управуваат неколку стамбени згради – задруги кои се должни од резервниот фонд на станарите да ангажираат лица или организации да го одржуваат просторот односно нивното дворно место. Од неколку стамбени задруги досега во изминатиот период имаше барање да им се достават ценовниците на Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ Куманово за одржување на просторот, меѓутоа до сега немаме одговор од стамбените задруги за прифаќање или неприфаќање на понудата, изјави Радомир Јовановски, раководител во ЈП „Чистота и зеленило“

Од јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ потенцираат дека  до сега десетина пати организирале  акции во овој комплекс со намера да ги мотивираат станарите. Надлежните апелираат до граѓаните и станарите на овој комплекс, да се ангажираат лично или преку станбените задруги за да можат да се одржуваат нивните дворни места, потенцирајќи дека претпријатето секогаш е отворено за соработка, а како и до сега и во идниот период ќе поамга со донирање на садници .

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)