Членови на „Cross Cycling” завршија на првото место

Членовите на „Cross Cycling ” клубот од Куманово завршија на првото место на ранг листата на Велосипедската Федерација на Македонија во планински велосипедизам на клубско ниво со освоени најмногу бодови и остварено победи во сите одржани трки на кои настапија во оваа натпреавувачка сезона. За само три години тимот од Куманово предводен од својот претседател Емил Цветанов кој воедно и самиот се натпреварува заедно со своите велосипедисти, успеа да оствари голем успех во овој спорт.

Членовите на тимот завршија и на второто место на ранг листата на велосипедските зимски игри „ВЕЛОКРОС “. Главен фактор за самиот успех е изградбата на првиот бајк центар во Македонија и професионална патека кои се наоѓаат во Куманово и каде се одржуваат професионалните тренинзи на велосипедистите.

Според категории ова се постигнатите резултати на новите шампиони на Македонија во овој спорт : ЕЛИТ : Емил Цветанов 2 место ЈУНИОРИ Борис Стефановски 1 место Кристијан Ивановски 2 место КАДЕТИ Дарко Василевски – 1 место ЖЕНИ Андријана Анастасовска – 1 место ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН ВЕЛОКРОС СЕНИОРИ Емил Цветанов – 1 место ЈУНИОРИ Борис Стефановски – 2 место ЖЕНИ Андријана Анастасовска – 2 место

Автор: Бошко Тасиќ

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)