Шаховски турнир во чест на новинарот Столе Божиновски

Годишнината  од смртта на членот на Извршниот одбор на здружението на армиски и полициски ветерани, новинарот Столе Божиновски денеска беше одбележана со организирање турнир во шах во просториите на клубот на ветераните. Како истакнат член на здружението , Столе Божиновски со својата трудољубивост , чесност и активност придонесе  граѓаните на Куманово, но и пошироко да се запознаат со активностите на ова здружение, рече потпретседателот  Љупчо Спасовски.

-Тој придонесе здружението на армиски и полициски ветерани да се воздигне на повисоко ниво со сите негови активности како новинар и како првиот воспоставувач на порталот, со што за здружението многу личности и граѓани на Куманово па и пошироко добија сознание дека во Куманово постои едно здружение кое активно работи и се труди да ги сочува традициите и придобивките на нашиот македонски народ и на градот Куманово. Овој ден денеска го посветуваме на другарот Столе Божиновски кој што навистина придонесе и за духовното соединување и едно мислење, мнение меѓу сите нас со својот ведар дух, чесност и трудољубивост да денеска на некој начин му се оддолжиме. Сите знаеме дека телото физички изумира меѓутоа духот лебдее меѓу сите нас и денеска ќе се потрудиме  тој негов дух да го попримиме во себе , а да му возвратиме со еден шаховски турнир, изјави Љупчо Спасовски, потпретседател на Здружение на армиски и полициски ветерани

Турнирот во шах  во спомен на Столе Божиновски го отвори неговиот син Зоран.

„Со одлука на Извршниот одбор на Здружението на армиски и полициски ветерани, шаховскиот турнир ќе стане традиционален, бидејќи освен што беше добар човек и новинар , Столе беше и исклучително добар шаховски играч“, потенцираше Спасовски.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)