Шаховски турнир за Денот на превенција

По повод претстојниот 9-ти декември – Денот на превенција во работата на полиција, денеска во просториите на Црвен Крст се одржа традиционален шаховски турнир на кој се натпреваруваат екипи од повеќе институции. На турнирот учествуваат шахисти од МВР, АРМ, здруженијата на армиски и полициски ветерани и пензионери. Турнирот го организира отсекот за первенција при СВР Куманово.

-Традиционално како и секоја година така и оваа по повод прослава за 9-ти декември Денот на превенција, во организација на отсекот за превенција при СВР Куманово денеска се одржува традиционален турнир во шах помеѓу четири екипи. Се собравме сите заедно на некој начин традиционално да го одбележиме празникот, беа поканети шест екипи но четири се тука доволно за да се одбележи празникот-нагласи Марјан Павличек, отсек за превенција.

По повод празникот вечерва е планирано во Ученичкиот дом да се одржи состанок на советодавна група за месната заедница Бајрам Шабани. Во среда деца ќе имаат можност да ја посетат кумановската станица и да се запознаат со работата на полицијата.

-Планираме и свечена активност која ќе се одржи на 7-ми на која ќе бидат поканети сите претставници со кои соработуваме на ниво на општината -додаде Павличек.

Од Отсекот за превенција соопштија дека во петок е планирана да се одржи мешана патрола.

 

 

 

Коментари

коментар(и)