Шаховски турнир за учениците во „Крсте Мисирков“

Во основото училиште „Крсте Мисирков“ денеска се одржа шаховски натпревар, кој е во организација со Шаховскиот клуб Куманово. Директорот на училиштето Александар Јовановиќ, истакна дека на турнирот учествуваат ученици од прво до деветто одделение. Тој посочи дека задоволен од интересот на учениците да се вклучат во оваа игра.

-Презадоволни сме од одзивот на децата, се пријавија 60 ученици, групирани во две групи, 40 се од предметна настава и 20 од одделенска група, машка и женска конкуренција. Децата се натпреваруваа од нашето училиште, меѓутоа најдобрите кои ќе победат во двете конкуренции ќе бидат прифатени во шаховскиот клуб Куманово за да продолжат и понатаму да ги учат тајните на шаховската игра-истакна тој.

Од Шаховски клуб Куманово посочија дека вакви турнири се организираат во сите училишта на ниво на градот, по што е предвидено најдобрите да го претставуваат Куманово на државни натпревари.

-Многу сум задоволен од оваа бројка, инаку најголема бројка досега. Јас имам организирано турнири и во други училишта, ме радува оваа бројка.  Имам ученици кои имаат само четири-шест години кај нас во клубот. Имам ученици кои уште не знаат ниту да пишуваат, но доаѓаат и играат шах, од предучилишна возраст до средношколци-нагласи Жарко Митковски, шаховски инструктор.

Од шаховски клуб Куманово истакнаа дека сите заинтересирани ученици, кои се љубители на овој спорт, можат да станат нивни членови. Инаку клубот се наоѓа на улицата Ленинова.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)