Швајцарската амбасадорка во посета на општината

Амбасадорката на Швајцарската Конфедерација во Република Македонија, Сибил Сутер Тејада денеска оствари протоколарна средба со градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски.

На средбата се разговарало за проектите кои Швајцарија ги има помогнато на подрачјето на Општина Куманово, но се разгледувале и можностите за понатамошно продлабочување на соработката.

Како што изјави градоначалникот Максим Димитриевски, Швајцарија и нејзините граѓани секогаш биле поддржувачи на Општината Куманово, а во минатото се донатори и на пречистителната станица за отпадни води, во која имаат инвестирано 10 милиони евра, а која работи од 2005 година.

Поразговаравме на повеќе теми, заштита на животната средина и подземната инфраструктура и изградба на нова подземна инфраструктура во Општина Куманово, наидовме на разбирање и ја објаснивме нашта состојба, во каква состојба се наоѓа општината, а воедно поразговаравме и за состојбата на општините во регионот и степенот на развиеноста на Северосточниот плански регион. Уште еднаш сакам да напоменам и да се заблагодарам за поддршката која континуирано ја добивавме за сите реализирани проекти, имавме големи планови, големи очекувања и се надеваме дека поддршката и соработката ќе продолжи, изјави градоначалникот Димитриевски.

Амбасадорката Сутер Тејада средбата ја искористила да се запознае со новиот градоначалник, а воедно и да презентира што е она што Швајцарија го прави како поддршка на локалните самоуправи во Македонија.

Денеска на средбата на новиот градоначалник му објаснив што е она што Швајцарија го прави во Македонија, како Швајцарија ги подджува македонски општини и дојдовме да видиме како и каде можеме да ја поддржиме општината Куманово во иднина, а зборувавме и за минатото каде Швајцарија го поддржуваше Куманово со станицата за прочиствување на отпадни води и градоначалникот ни објасни колку тежок станува системот на соработка помеѓу централната власт и општините. Сега ќе ја посетиме прочистителната станица за да видиме како истата функционира, изјави Сибил Сутер Тејада, амбасадорка на Швајцарската Кофедерација во Република Македонија.

Сутер Тејада минатата година во два наврати ја посети општина Куманово, каде се сретна со претходниот градоначалник.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)