Шеста победа за ЖРК Куманово

Ракометарките на женскиот ракометек клуб Куманово викендов на домашен терен ја остварија шестата победа во рамките на новатата сезона од женската супер откако со резултат 27:19 го совладаа составот ЖРК Пелистер од Битола.

Само во втората минута резултато беше 1:1, а понатаму целата средба мина во знакот на домашниот тим. Викторија Пеовска и Александра Боризовска уште на почетокот на првото полувреме им најави дебакл на ракометарките од гостинскиот тим, па на полувреме се замина со резултат 14:7 за избраничките на Ивановски.

Второто полувреме беше само рутина за нашиот тим кој што повторно доминираше во сите делови од играта. Тренерот на ЖРК Куманово повторно ги вклучи во игра кадетките кои што имаа светло издание и на овој натпревар. Гостинскиот тим максимумот го постигнаа на почетокот на второто полувреме кога намалија на пет разлика, меѓутоа не им вредеше и на крај беа декласирани со резултат 27:19.

Најефикасна кај домашниот тим на овој натпревар беше Викторија Пеовска со реализирани 7 погодоци. Голем придонес во домашниот тим дадоа и останатите ракометарки: Александра Боризовска со 6 гола и Мила Трајковиќ и Моника Паневска со постигнати четири гола.

Мила 4 гола, Моника 4 гола, Јована 3 гола. На листата на стрелци со по еден гол

Следниот натпревар составот на ЖРК Куманово ги игра на гостински терен против екипата на ЖРК Вардар.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)