Шеста победа за Куманово, подобри од гостиварци

Кошаркарите на Куманово на домашен терен го совладаа составот на Гостивар со резултат 81:73 во рамките на домашното првенство, со што заедно со натпреварите во БИБЛ лигата впишаа шеста победа во низа.

Лош старт имаа избраниците на тренерот Игор Ѓорѓиевски кои во првата четвртина мака мачеа да влезат во ритамот. Тоа го покажа и семафорот на кој по десетте минути на паркетот прикажа резултат 16:29 за гостинската екипа.

Во втората четвртина кумановци се вратија во игра. Доминираа во текот на овие десет минути игра и направија вистински пресврт во резултатот. На полувреме се замина со 39:37, односно предност од два поени за кумановци.

Златната тројка на Куманово за овој меч ја сочинуваат Македонец, Американец и Србин. Неприкосновен со 27 поени беше Отис Ливингстон, 15 впиша Александар Андрејевиќ, а два поени помалку Горјан Марковски.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)