Шестгодишно дете загина во лифт

По наредба на Основното јавно обвинителство Куманово ќе се вештачи лифтот во кој вчера загина шестгодишно дете. Вештачењето ќе се врши на Машинскиот факултет во Скопје и треба да ги утврди причините за несреќата.

По наредба на надлежен јавен обвинител, лифтот е целосно изолиран и обезбеден со полициско присуство. Во исто време, обвинителот издал  наредба за одземање на севкупната документација од фирмата задолжена за сервисирање на лифтот, како и прибирање на друга неопходна документација потребна за расветлување на случајот.

Инаку, трагедијата се случи вчера околу пладне кога несреќното дете почина во лифт во станбена зграда на  булеварот Трета МУБ. Момчето кое што живеело во станбениот објект излегло од дома да си игра во дворот. Враќајќи се кон станот, детето од се уште непознати причини настрадало во лифтот. Соседите видно вознемирени од несреќата  велат дека детето било само во лифтот и веројатно го заглавило рачето по што било повлечено надолу , но не знаат да објаснат како дошло до смртните последици. Тие  раскажуваат дека последниов месец  заштитната врата на лифтот не била во функција.

Според МВР , засега од непознати причини детето родено 2010-та година било потфатено од лифтот кое што починало на лице место. Несреќата се случила во  11 часот и 40 минути.

Вчера  на местото на настанот  беа екипи од ТППЕ Куманово и од  Итна Помош од каде потврдија дека детето имало повреди на главата.

Инаку, околу два часа траеше отворањето на вратата од лифтот, по што лекарот само ја констатирал смртта кај момчето.

Увид на лице место извршија увидни екипи на СВР Куманово и Основното јавно обвинителство кој ќе ги покаже причините за настанување на несреќата. По наредба на ОЈО телото е предадено за обдукција, која треба утврди од што настапила смртта.

Инаку, зградата во која што живеело момчето е релативно нов станбен објект со приближно триесетина станови.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)