Шестмина новозаболени во Куманово и Липково, две починати жени од Матејче

Двајца новозаболени кумановци, четири лица од Општина Липково и две  починати жени на возраст од 47 и 59 години од селото Матејче е ковид билансот во изминатото деноноќие за Куманово. На ниво на државата, регистрирани се 136 нови случаи на ковид-19, од вкупно 1.208 тестирања, а бројката на смртни случаи достигна до осум лица во последните 24 часа, информира министерството за здравство.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 43 оздравени пациенти, од нив 26 од Скопје.

Досега во земјата направени се вкупно 54.456 тестирања на ковид-19, а  денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5.445, бројката на оздравени пациенти е 2.091, на починати е 259, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.095.

Во Куманово од почетокот на епидемијата бројката на заболени изнесува 709, а во моментов активни се 254 случаи на ковид -19.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)