Шестмина новозаболени кумановци, двајца од Липково

Нови шест случаи на ковид – 19 во Општина Куманово, а два во Липково регистрира Центарот за јавно здравје Куманово во изминатото деноноќие. На ниво на државата  во последните 24 часа направени се 973 тестирања, а дијагностицирани се 88 новозаболени граѓани од коронавирусот, информира министерството за здравство. Од новозаболените, 30 пациенти се од скопски општини, 13 лица во Штип, 11 во Струга.

Починати се три лица, двајца пациенти од Скопје и еден од Штип.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 123 оздравени лица , од нив 70 се од Скопје, 31 лице од Тетово, останатите од Прилеп, Велес, Кочани, Ппробиштип, Кичево, Ресен, Неготино,.

Досега во земјата направени се вкупно 78.133 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 8.197, бројката на оздравени пациенти е 4.326, на починати е 385, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.486.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0 0

Коментари

коментар(и)